Македонија и Турција, како сојузници во НАТО, делат исти погледи во однос на зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот, констатирале на денешната средба во Скопје претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп.

Kако што соопшти Кабинетот на Пендаровски, nа средбата биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Турција, при што е оценето дека тие се развиваат во духот на традиционално пријателство и партнерство, преку соработка во сите сфери од заемен интерес и преку реализација на средби на највисоко ниво.

Двајцата соговорници изразиле очекување за натамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете држави, вклучувајќи ја и меѓупарламентарната соработка.

На средбата станало збор и за актуелните состојби во двете држави, како и за состојбите во регионот.

Претходно, претседателот на Големото национално собрание на Турција беше пречекан со високи државни и воени почести пред законодавниот дом, имаше средба со неговиот домаќин Талат Џафери и се обрати и пред пратениците во Собранието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.