Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на првиот круг од локалните избори 2021, гласаше на избирачкото место 2489.
Според досегашните информации, еве веќе половина од изборниот ден во првиот круг се одвива во генерално позитивна атмосфера. Јас се надевам дека до крајот на изборниот ден ќе остане така, и се разбира и по 19:00 часот, во периодот кога треба да ги пребројуваме и објавуваме резултатите од локалните избори. Меѓутоа, секоја сериозна држава мора да остане мобилна до крајот на изборниот процес, значи очекувам и на 31 октомври, за време на вториот круг да го задржиме интегритетот и кредибилитетот на избирачкиот процес, изјави Пендаровски по гласањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.