Претседателот на државата, Стево Пендаровски утрово на својот Фејсбук профил, се потсети на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.
Секој #26јули се сеќаваме на кобното утро во 1963 кога силниот земјотрес ги однесе животите на над 1000 наши сограѓани, илјадници беа повредени, а многумина ги изгубија своите домови. Се сеќаваме и на солидарноста и помошта која пристигна од целиот свет. Во тешките денови кога се справуваме со пандемијата на #КОВИД19 да се потсетиме дека солидарноста и заедништвото ни се потребни за да ја надминеме секоја тешкотија со која како општество ќе се соочиме, напиша тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.