Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими амбасадорката на Обединетото Кралство во земјава, Рејчел Галовеј.
На средбата се разговараше за досегашната поддршка од страна на Обединетото Кралство во справување со пандемијата на КОВИД-19 во различни сектори, политичката соработка меѓу двете земји, трговската размена, како и бројните британски програми за поддршка во Македонија во областа на одбраната, доброто управување и владеење на правото.
Соговорниците разговараа и за формирањето на новата Влада во контекст на фокусирање кон предизвиците од пандемијата, прилагодувањето на животот на граѓаните кон новата состојба и спроведување на потребните реформи во клучни области со цел продолжување на процесот на европска интеграција, како една од стратешките цели на Македонија.
Амбасадорката Галовеј додаде дека во контекст на соработката во рамки на НАТО, ќе продолжи поддршката од британските колеги на рамноправна основа придонесувајќи кон колективната стабилност и глобалната безбедност.
Претседателот Пендаровски истакна дека билатералните односи меѓу Македонија и Обединетото Кралство остануваат цврсти, притоа се заблагодари за долгорочната и постојана поддршка што Британија ја дава на земјава уште од нашата независност
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.