Претседателот Стево Пендаровски денеска потврди дека пред неколку дена се пријавил на веб-страната за вакцинација, додавајќи дека ќе се вакцинира согласно државниот план објавен од Министерството за здравство.
Се разбира дека ќе се вакцинирам со вакцината што ќе биде достапна во тој момент. Ова го велам затоа што постојат контроверзии за различни видови на вакцини и можам да ве уверам дека се што е одобрено во нашата држава од надлежен авторитет и власт е проверено. Сите вакцини што се увезени и се аплицираат врз нашите граѓани се 100 проценти проверени, исто како да се вакцинирате во која било европска држава, изјави претседателот Пендаровски одговарајќи на новинарското прашање на денешната промоција на поштенската марка издадена по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески.
Тој додаде дека нема потреба од сомнежи за тоа што некој се вакцинира со одредена вакцина, бидејќи наводно била посигурна од другите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.