Претседателот Стево Пендаровски, по повод 23 Mај, Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на влашката заедница во Република Македонија.
Дозволете да ви го честитам 23 Mај, Националниот ден на Власите и да ви посакам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, исполнет со радост и со среќа.Токму на овој ден, пред 116 години, Власите првпат во тогашното Отоманско Царство беа признати како народ и добија можност за образование и за богослужба на својот мајчин јазик. Негувањето на етничкиот, јазичниот и културниот идентитет е континуиран процес кој никогаш не завршува. Се гордееме што карактеристиките, традицијата и обичаите на Власите се длабоко вткаени во нашето мултикултурно и мултиетничко општество. Република Македонија и понатаму ревносно, како и за сите етнички заедници, ќе ја афирмира и промовира влашката историја и култура – порачува Пендаровски во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.