Претседателот на државата Стево Пендаровски е гостин во Клик Плус на ТВ21.

Со него разговаравме на актуелни теми и политичката криза во земјава за која вели дека е иницирана од оставката на премиерот Заев. Тој ги открива реакциите од меѓународната заедница по најавите дека Заев ќе се повлечи од политиката.

„Сега ќе си дозволам мала дискреција, имав една мала, тоа се куси средби од нога не можам да кажам дека тоа се разговори. Но германската канцеларка неколку пати ме праша за мотивите на оставката, дали вие мислите дека тоа беше вистински потег. Мојот одговор, тоа му го пренесов и на Заев по враќањето, реков се разбира дека не. Се разбира дека не. Заради губење на една, две, три пет или десет општини, заради губење на локални избори, независно што сте ветувале претходно ова е едно друго ниво во политиката. Вие водите држава имате мандат од четири години ссема легитимно добиен и не можете ни на половина од тој мандат да кажете, заради Скопје, заради Прилеп, Куманово итн. јас си заминувам. Генералниот секретар на НАТО надвор од неговиот карактер да го наречам, два пати ми го постави истото прашање саат, саат и половина бидејќи бевме во една од тие претпростории во кои се подготвувавме за сесиите и постојано ме прашуваше, зошто? Му реков, не е лошо да се слиушнеш со Заев директно да ти објасни, така што изненадувањето беше големо од страна на меѓународната заедница, бидејќи знаете дека изминативе неколку години, Заев беше прилично позитивно пример“, посочи Стево Пендаровски на ТВ21.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.