Претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев денеска остварија телефонски разговор во кој се разговараше за позициите на двете држави во однос на условите за започнување преговори на Македонија за членство во Европската унија.

Двајцата претседатели разговараа за можноста да се постигне одржливо решение за европскиот развој на нашиот регион и, особено, за интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија.

Шефовите на државите разговараа за можноста за остварување на посета на претседателот Пендаровски на Бугарија, кога ќе се создадат соодветни услови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.