Најавениот тв-дуел на претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова кое требаше да се одржи денеска на „Алфа“ телевизија нема да се одржи. Претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ и коалцијата Пендаровски, прво го прифатил, па го откажал денешното гостување на телевизијата, соопштија од „Алфа“.
Од почетокот на кампањата за претседателски избори, телевизија „Алфа“ професионално известува за кампањата на кандидатите. Во таа насока се и извештаите од Агенцијата за медиуми. Од штабот на Пендаровски прво се согласија, па се предомислија за денешното соочување со противкандидатката Силјановска-Давкова.
Во првиот круг од претседателските избори, телевизија Алфа се одлучи за индивидуални претставувања на кандидатите преку интервјуа во рамките на емисијата Отворено.
Тв дуелот на двајцата кандидати кои би влегле во вториот круг, го планиравме за вториот дел од кампањата. Токму затоа уште во текот на првиот дел од кампањата, телевизија Алфа ги покани кандидатите за тв соочување со наведени датуми и термини согласно нашата програмска шема, при што добивме потврден одговор од сите штабови на кандидати кои ги поканивме.
Кога заврши првиот изборен круг, телевизија „Алфа“ емитуваше рекламен спот со најава со однапред договорениот термин, за тв соочување меѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски, кандидатите кои ја продолжија претседателската трка.
Но од необјасниви причини, уште првиот ден од емитувањето на рекламниот спот, од штабот на кандидатот Стево Пендатовски не’ известија дека тој сепак нема да присуствува на тв дуелот. Тв Алфа побара објаснување, но до денеска, не доби.
Телевизија Алфа ќе продолжи професионално да известува за претседателската кампања и за сите активности на кандидатите, велат од „Алфа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.