Вонредната состојба се злоупотребува, не за заштита на здравјето на граѓаните, туку за носење на уредби со законска сила со цел да поминат буџетските пакети за поткуп, кои Заев ги нарекува помош во пресрет на можните избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Продолжувањето на вонредната состојба беше барање на комисијата за заразни болести поради како што наведоа, заштита на здравјето на граѓаните, а вчера гледаме дека вистинската причина била токму носењето на уредби, како и што призна самиот Пендаровски, со што се злоупотребува и самата комисија и нејзиното мислење, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од патртијата велат дека организирано делење на пари во пресрет на можни избори не е ништо друго туку покривање на неуспесите во економијата со груб еднократен поткуп казнив со закон.
Оттука ги повикуваме и оние кои ги пишуваат уредбите, да внимаваат што пишуваат а и оние кои имаат намера да потпишат нешто што е незаконско, да знаат и да внимаваат што потпишуваат затоа што ќе одговараат и целата нивна работа ќе биде предмет на ревизија. Со тоа што СДСМ испрати ултиматум, избори или во јуни, или редовни во декември покажа дека не им е грижа за здравјето на граѓаните туку се борат за потесен пораз. Со ова им падна и во вода тврдењето дека биле за брзи избори сега затоа што на есен ќе имало нов бран на корона, кога тие бараат избори во декември. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ, и ВМРО ДПМНЕ убедено во силна победа, ќе се бори првенствено за заштита на здравјето на граѓаните. Наместо со лицитација на датуми за избори, и притисоци врз ДИК за неразумни кратења на рокови, СДСМ треба да се посвети кон заштита на здравјето на граѓаните. Сето нивно однесување освен несериозност покажува дека се опасност по здравјето на граѓаните, и сакаат ФБ избори кои ќе бидат нерегуларни и некредибилни, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.