Тврдењата дека процентот на Албанците во државава е паднат под 20% се само приказни кои поаѓаат од тезата дека сѐ уште имаме 2 милиони население – рече претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување во „Емисијата 200“ на „Алсат“.
За жал, сите се селиме – потенцира тој и додава дека процентот на eтничките заедници не треба да е важен, макар бил и 3 отсто или 5 отсто.

Мојата политичка декларација ќе биде, а ќе ја побарам и од другите политички партии на власт и опозиција, и да си 3 отсто и да си 5 отсто, не ги гледај како бројка. Тие пpaва ги имаш и можеме да зборуваме само за подобрување на состојбата и на статусот, и твој и мој – рече Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.