Стево Пендаровски претставува лик од ткн „заевизам“, а тоа е традиционалната матрица која ја пустошеше Македонија, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
Па не така одамна кажавме во Македонија мора да се порази заевизмот, кажувам, заборавам, негирам. Се додека постои заевизмот во Република Македонија оваа држава не може да иде напред, односно ќе се движи во погрешна насока. Јас сум убеден во граѓаните на Република Македонија, тоа се храбри, честити луѓе коишто на 21 април ќе му го зададат првиот посериозен удар на заевизмот во Република Македонија, а потоа веќе на следните предвремени парламентарни избори и конечниот удар ќе му биде зададен на заевизмот. Пендаровски претставува лик на заевизмот, не очекувавме нешто поразлично да се случи, тоа е таа традиционална матрица која ја пустошеше Република Македонија изминативе 27-28 години, рече Мицкоски.
Во текот на посета на Охрид на тамошниот градски пазар, Мицкоски разговараше со пазарџиите.
Ја видовте реалната слика денеска на пазарот овде, полупразни тезги, полупразен пазар, бидејќи сега нема купувачи, луѓето се жалат, пазарџиите се жалат разочарани од односот на оваа криминална непотистичка и насилничка влада предводена од деспотот Заев. Прометот им е паднат. Практично сето она коешто ние изминативе речиси две години откако владата на СДСМ и Заев е на власт, ние апелираме не само што не дојде живот туку навистина пекол донесоа. Реалноста можете и вие да ја видите денеска на пазарот овдека во Охрид, порача Мицкоски по средбата.

Денес прошетав низ Старата турска чаршија каде што сретнав многу загрижени лица.
Имав можност за разговор со младите во Охрид, истите проблеми, истата безперспективност и несигурност каква има во секој наш град.
Но со уште поголема желба и енергија заеднички да ги промениме работите. Носиме нова надеж, ќе создадеме подобра иднина, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.












Comments are closed for this post.