Ако го нема Груевски тука, тогаш многу тешко можеш да дојдеш до вистинската слика за 27 април истакна претседателот Стево Пендаровски на денешниот брифинг за новинарите.
Според него ако главниот аргумент на обвинителството е дека седницата била водена спротивно на деловникот, тогаш обвинетите треба да одговараат за неделовничко работење, а не за терористички напад.
-Ако е точно дека главниот аргумент е дека водењето на седницата е спротивно на деловник, тогаш тоа евентуално би било неделовничко работење а не организирање на терористички напад, вели Пендаровски.
Според претседателот Апелација ќе има работа да потврди дали тоа било тоа така, и дали има доволна основа да се осудат обвинетите Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и Владимир Атансовски за терористичка организација.
Тој потенцираше дека нема никаква логика организаторите да добијат 6 години, а извршителите да добијат 18 години затвор бидејќи се судат за исто дело исти настан.
Според него амнестијата може да служи како олеснителна околност, но таа се користи или целосно или воопшто, не може да се користи само дел. Ќе спуштиме некоја година поради амнестијата, ако се сака да се користи амнестијата тогаш треба во целост да се применува, ако не да не се споменува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.