Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во вечерашниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека неодамна во Глазгов имал средба со американскиот претседател Џо Бајден.
Тој вели дека имал неколку минути за да ги искористи со цел Бајден да го мапира.
„Имав 2-3 минути со Бајден, и помислив на кој начин да го искористам да не мапира нас, затоа што тие се толкава сила, а ние сме една од најмалите држави. Јас му пристапив со една речница: Јас сум претседател на државата која единствена во Светот го смени своето име за да влезе во НАТО. Вели дека го почитуваат тој факт. Ме праша како се одвиваат работите кај нас во регионот. Му споменав дека ЕУ и САД не се доволни присутни во регионот, и поради тоа, други екстра регионални сили го потполнуваат тој стратешки вакуум“, вели Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.