Ако ова е цената, не ни треба ЕУ, вели претседателот Стево Пендаровски зборувајќи за последните случувања во македонско-бугарските односи и нивното влијание врз преговорите за членство на Македонија во Европската унија во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

Ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборувам, да не биде македонски јазик, тогаш не ни треба ЕУ, вели Пендаровски во интервјуто, коментирајќи ја изјавата на Бугарија приложена кон заклучоците од Советот за општи работи на ЕУ, со кои беше донесена одлука за почеток на пристапни преговори со Македонија.

Во интервјуто што ќе се емитува вечерва, претседателот одговара и на прашања за најавената лидерска средба, изборите и вонредната состојба. Тема се и безбедносните закани за земјава и состојбите во Агенцијата за разузнавање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.