Одбележувајќи го 9 Мај се потсетуваме на благородната визија на Шуман за создавање на обединета Европа. Повеќе од 7 децении, ЕУ се проширува и продлабочува. Од европскиот континент создава простор на мир, помирување, демократија и човекови права, вели претседателот на РСМ, Стево Пендаровски по повод Денот на Европа.
„Пандемијата на Ковид-19 ја покажа важноста од солидарност, обединетост и меѓусебна доверба. Ја разбуди свесноста дека само заеднички можеме да ги надминеме предизвиците со кои се соочуваме.
На европските граѓани и на сите претставници на ЕУ им го честитам 9 Мај-Денот на Европа и победата над фашизмот!“, додава Претседателот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.