Информацијата на италијанската „Ла Верита“ околу вакцините, каде што објавија околу скандалот на министерот Венко Филипче за набавка на кинеските вакцини, според Пендаровски треба да се проверат до крај.

Моите информации се оние кои ги добиваме од медиуите, и не сум надлежен да ја барам комуникацијата од министерот за здравство и тоа министерството во овој процес на бараање.

Мојата коомуникација со премиерот, министерот за здравство и оние за надворешни работи и другите министерства се сведува само како координација за информација од странски држави за вакцини.

Видов весникот што објавува. Но, секој медиум или социјална мрежа треба да го претресеме од сите агли пред да објавиме нешто. „Ла Верита“ треба да се провери до крај, и плус што го објавуваат тоа во продолжението како документи со некои кинески фирми. Плус имаме информација од министерот за здравство зошто тоа е направено. Откако од кинеското МНР им е посочено дека тоа не е патот до вакцините, е вратен тој капар како што го нарекуваат, рече Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.