Претседателот Стево Пендаровски смета дека треба да се проверат до крај информациите на италијанскиот весник „Ла Верита“ за вакцините, при што весникот објавија скандалот на министерот Венко Филипче за набавка на кинеските вакцини.
Моите информации се оние кои ги добиваме од медиуите и не сум надлежен да ја барам комуникацијата од министерот за здравство и министерството во овој процес на барање вакцини.
Мојата комуникација со премиерот, министерот за здравство и оние за надворешни работи и другите министерства се сведува само како координација за информација од странски држави за вакцини.
Видов весникот што објавува. Но, секој медиум или социјална мрежа треба да го провериме од сите агли пред да објавиме нешто. „Ла Верита“ треба да се провери до крај и плус што го објавуваат тоа во продолжението како документи со некои кинески фирми. Плус имаме информација од министерот за здравство зошто тоа е направено. Откако од кинеското МНР им е посочено дека тоа не е патот до вакцините, вратен е тој капар, како што го нарекуваат – изјави Пендаровски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.