Претседателот Стево Пендаровски, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, призна дека пет дена пред воведување на првиот полициски час, не верувал воведувањето полициски час.
Минатата година ова време јас потпишав решение за вонредна состојба. Пет дена пред да воведеме полициски час и вонредна состојба, ме прашуваа новинарите што мислам за полициски час, затоа што голем дел од земјите го имаа воведено, јас реков дека не верувам во тоа. Јас не верував пет дена пред да го воведеме.
Година дена потоа мислам дека е оправдано. Една година откако почна пандемијата, еве сега добри држави како Чешка и Словачка, извезуваат најгрубо пациенти во други земји – изјави Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.