Кандидатот за претседател Стево Пендаровски, на трибина во Виница порача дека младите на овој град заслужуваат да живеат во европска држава, во европска Виница, град со дух, традиција и модерни европски вредности.
Пендаровски посочи дека можеме да успееме само со слога и поддршка за најважните прашања, да нема патриоти и предавници.
„Сите заедно си ја сакаме нашата единствена татковина, нашата единствена партија мора да биде Република Македонија. Позиција и опозиција мора да разберат дека економски напредок може само во евроатлантските интеграции. Да го поддржиме овој пат, оваа опција која нуди европска иднина, напредок и прогрес, да си ги задржиме овде младите“, рече Пендаровски.
Со влегувањето на нашата земја во Европската унија, додаде Пендаровски за младите се отвораат можности за студирање во европското семејство, пракса, работа, патување и европска перспектива.
„Договорите кои се склучија беа тешки но и нужни за да ги отвориме портите на Европа. Без тоа нема надеж за новите генерации, за младите. Опозицијата, нуди поништување на се што е добро направено за оваа држава. Ние со време го фативме возот за НАТО, никој нема да се осмели да ја загрози безбедноста на нашата држава “, рече Пендаровски во Виница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.