Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски од Велес повика граѓаните на масовна излезност и поддршка на опцијата Заедно Напред во име на економскиот развој на државата, правдата и евро-атлантските интеграции на државата.

Тие најавуваат ревизија на сите добри потези што оваа влада ги направи, за коишто добивме пофалби од целиот свет. Кој се не дојде за да ни стегне рака и да ни каже дека “ова не верувавме дека ќе го направите“. Заради тоа добивме и покана за во НАТО и за тоа ќе добиеме датум за ЕУ во јуни, два месеца од сега.

Ги стабилизиравме финансиите, ја стабилизиравме економијата, имаме редовна исплата на плати и на пензии, сите економски индикатори одат нагоре, меѓутоа за тоа требаше време, енергија, трпение, визија, храброст и знаење. Тоа го направивме.“, изјави Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.