Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, на трибина во Кичево, рече дека градот е пример за заедништво и сплотеност во различностите.

Тука, рече, Пендаровски граѓаните многи добро знаат што значи заединштво, соживот и како тоа се одрзува на напредокот. Затоа мнозинството ќе гласа за опцијата која ја носи Македонија напред, а не како другата опција која сака да не врати назад во темното минато.

„Изминува последната недела, пред одлуката на изборите. Нашиот глас одлучува, дали Македонија ќе оди напред кон сигурна иднина во НАТО и ЕУ или ќе се врати назад. Дали ќе се определиме за опцијата која носи подобар живот, нови инвестиции, нови работни места, перспективи за младите. Вие знаете дека еден од најголемите проблем е иселувањето на младите. Со поканата за НАТО и ЕУ, стотици милиони евра, ќе бидат достапни и отворат нови перспективи младите овде да живеат, да се вработат, нашите деца и внуци да се тука покрај нас“, рече Пендаровски.

Пендаровски повика граѓаните од сите етнички заедници да го искористат својот глас, и да донесат одлука, во интерес на иднината на државата, сигурноста и стабилноста, да изберат напредок.

-За засилен економски раст, посилен развој на земјоделство и пристоен живот, да продолжиме заедно напред, рече Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.