Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на посетата на Шведска, во Стокхолм оствари средба со шведската министерка за надворешни работи Ан Линде, на која изрази очекување дека ќе продолжи политиката на проширување на Европската Унија кон Западен Балкан, порачувајќи дека случајот на Македонија е тест за кредибилноста на процесот.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски потенцира дека очекува Шведска да вложи натамошни напори за задржување на прашањето на проширувањето на агендата на Унијата, како и да го поддржи ставот дека билатералните прашања не треба да бидат пречка за интегративниот процес.

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, претседателот и се заблагодарил на министерката Линде за континуираната и конзистентна поддршка којашто ја добива нашата држава од Шведска во однос на европската интеграција.

Двајцата соговорници на средбата разговарале за европските перспективи на регионот, како и за билатералните односи меѓу Република Македонија и Кралството Шведска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.