Претседателот Стево Пендаровски, тогаш дел од протестите на Шарена револуција, на роднините на осудените убијци од „Монструм“ им рекол дека ако се дознаела вистината за случајо, можно е да настанала војна, откри Бедри Ајдари, роднина на еден на осудените во вчершната емисија на „Клик плус“ на ТВ21.

За време на протестите на шарена револуција во 2016 година пред Собранието се сретнавме со Стево Пендаровски, сегашен претседател, тогашен пратеник. Го прашавме што се случува со „бомбите“ за „Монструм“. Пендаровски ни рече цитирам: „На еден состанок присуствуваше еден Американец кој ми рече дека за „Монструм“ ќе се поттикне војна, со тоа што ќе разберат луѓето кои се вистинските убијци и кои се нарачателите и виновниците. Тогаш сите заедно, и Македонци и Албанци ќе отидат пред влада и ќе има крвопролевање, затоа што ќе сакаат Груевски да го фатат за гуша и да го прашаат зошто го нарача овој монструозен чин, кој ќе доведе до војна“. Ова му го кажувам јавно на Пендаровски тука во ова студио, а можам да го кажам и било каде, рече Ајдари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.