Не е разумно, нема логика во овој период да се одложи датумот за избори – смета претседателот Стево Пендаровски. Во емисијата „200″ на Алсат М, тој рече дека закажување на датумот на изборите по шест месеци било неопходно заради формирањето на техничката Влада на сто дена пред изборите.
И така влегуваме во изборна година, 12 април е само неколку месеци од редовниот термин за избори, и не можам да видам која партиска или државна логика, би барала тие избори да се изместат – рече Пендаровски.
Според него, одложувањето би значело и поместувања на плановите на бизнис заедницата.
Од она што го слушам, јас како политичар не можам да го тврдам, меѓутоа од она што го слушам од луѓе од бизнис заедницата, тие велат дека и онака кога веќе имаме закажано избори, практично тоа е изгубено време за нас, од аспект на очекувања, бизнис планови, инвестиции домашни и странски, меѓутоа, ако повторно се одложува тоа е дополнителен удар врз планирањата кои бизнис заедницата сака да ги направи – изјави Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.