Три дена пред истекувањето на третата одлука на претседателот Стево Пендаровски, во владејачкиот табор, според неофицијални информации на „360 степени“ оттаму, преовладува ставот да не се бара ново продолжување на вонредната состојба.

Според информации на „360 степени“, голема е веројатноста вонредната состојба, која почна на 18 март, да заврши на 30 мај, така што Владата во наредните неколку дена ќе ги донесе сите неопходни уредби за наредниот период.

Во наредните два дена ќе се донесе конечната одлука дали Владата ќе бара ново продолжување навонредната состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.