Ќе се спаси ли власта од свирежите на народот напуштајќи ја по којзнае кој пат традицијата? Одговорот на ова прашање ќе го добиеме утре, кога на Мечкин Камен наместо претседателот на државата Стево Пендаровски ќе се обрати актерот Никола Ристановски. Пораката за значењето и за големината на 2 Август наместо врховниот командант, ќе ја испрати актерот.
Според програмата, предвидено е да биде емитувана видеопорака од претседателот Пендаровски.
Ќе биде ли Водно толку големо за да го загрне Пендаровски и да го заштити од сопствениот народ? Претседателот Пендаровски досега не се обратил на Мечкин Камен. Пораката за значењето на Илинден во 2019 година Пендаровски ја испрати од својата вила на Водно.
Во 2020 година тој се обрати од Пелинце на одбележувањето на Вториот Илинден.
На брифингот со новинарите, образложувајќи ја одлуката за напуштање на традицијата која датура од осамостојувањето на Република Македонија, претседателот Стево Пендаровски рече дека народот е сит од политички говори.
За што служи говорот?! Тој предизвикува свиркања, клетви, разединување. Сегашниот концепт на прослава е разединување а не обединување. На народот му е преку глава од политички говори, рече Пендаровски.
Од 2016 година присуството на премиерот Заев на Мечкин Камен е проследено со свирежи. Досега Заев се обратил во 2016, 2018 и 2019 година.
За ВМРО-ДПМНЕ, ова е срамен и недржавнички потег, а идејата на Пендаровски е неприфатлива за лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Тој ќе остане верен на традицијата, па утре ќе присуствува во струшко Ташмаруништа и од таму како и минатата година ќе испрати порака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.