Претседателот Стево Пендаровски вели дека лично не се согласува етничката припадност да биде во личните карти – како што е предвидено со предлог-измените на Законот за лични карти што ги поднесе владејачката партија Беса, а за што има претходен договор со СДСМ.

Во интервју за МКД.мк, Пендаровски сепак најавува дека, веројатно, не би ставил вето на новиот закон, доколку тој биде донесен во регуларна постапка.

„Ако владејачката коалиција се договори, ако има мнозинство и ако законот биде донесен во регуларна постапка, јас немам многу големи аргументи контра таквиот став за да не потпишам указ. Но лично не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти. Не постои демократска држава во светот во која постои етничка или религиозна припадност. Мене не ми пречи, не мислам дека тој закон ако биде донесен со таква одредба ќе ја растури државата ниту дека ќе има негативни последици. Лично не се согласувам, но ако го изгласаат во таков облик, јас ќе го потпишам указот, иако не се согласувам тој детаљ да стои во личните карти“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.