Претседателот Стево Пендаровски во интервју за ТВ „Клан“ вели дека и власта и опозицијата во Бугарија имаат тврд став кон Македонија, што би значело дека кој и да дојде на власт по изборите на 4 април, нема да има промена во односот кон нашата држава.

Сепак, Пендаровски изјави дека се надева дека ќе се најде формула која нема да значи загрозување на основното човеково право за самоопределување.

Пендаровски вели дека по победата на Џо Бајден на американските избори, очекува оти ќе се засили присуството на САД на Западниот Балкан.

Во однос на македонските реформи во судството, Пендаровски изјави дека со новата методологија за тоа т.н. прочистување во судството и во обвинителството, најавена од министерот за правда, тој сака да биде спроведена во наредниве месеци.

Да не чекаме десетици години, да не бидат повеќе судии и обвинители, оние што не заслужуваат да бидат тоа – вели Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.