Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва во гостувањето на телевизија „Телма“ изјави дека до него досега не е стигнат предлог од Владата за испразнетите амбасадорски места.
До овој момент предлози од владата до мене нема. Зошто е тоа така, претпоставувам во еден дел заради изборите и постизборните турбуленции. Мислам дека откако почна таа преткампања, изгубивме половина година – истакна Пендаровски.
Најверојатно напролет ќе има амбасадор во Руската Федерација, а за неколку месеци се надева дека ќе се потполнат сите останати испразнети амбасадорски места во важни држави и организации кои, како што подвлече, треба да бидат потполнети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.