Најостро ги осудувам заканите и насилството од кој било вид, насочени кон новинарите и медиумските работници. Изминативе денови сме сведоци на физичко и вербално насилство и закани на социјалните мрежи. Ги повикувам надлежните институции веднаш да спроведат истраги и соодветни дејства и што поскоро да ги решаваат ваквите случаи, напиша на Фејсбук, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски на Фејсбук.

Понатаму тој напиша:
Новинарите и останатите медиумски работници потребно е да бидат ослободени од страв, со цел непречено да ја извршуваат својата работа.
Критичката мисла на јавноста е значаен показател за степенот на развој на демократската дебата.
Не смееме да дозволиме да се загрозува слободата на информирање. На новинарите да им се овозможи да работат за јавниот интерес, со што граѓаните ќе можат да го остварат своето право на слободно и навремено информирање, напиша Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.