Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Косово, оствари средба со претседателот на косовскиот Парламент, Глаук Коњуфца.
Како што информираат од кабинетот на претседателот, на средбата биле разменети мислења за развојот на билатералните односи и притоа било изразено задоволство од пријателската соработка којашто се одвива преку отворен и динамичен дијалог.
Двајцата соговорници нагласија дека воспоставувањето на чести и директни контакти ќе се одрази позитивно на релациите меѓу двете држави во политичката, економската и безбедносната сфера. Во тој контекст беше констатирана и конструктивната интерпарламентарна соработка, како и заложбата за нејзино натамошно унапредување во насока на реализација на споделените надворешно политички цели и приоритети, членството на двете држави во Европската Унија – информираат од Кабинетот на Пендаровски.
Пендаровски и претседателот на Коњуфца, разговарале и за севкупните процеси на регионален план и оцениле дека заедничкиот влог во добрососедските односи е значаен придонес за стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.