Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија, генерал-потполковник Ромулус Русин-Сенди, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.
На средбата беше истакнато дека воената соработка меѓу војските на двете држави е позитивен пример за соработка, како полноправни членки на НАТО и се разговараше за нејзино унапредување и продлабочување во иднина.
Заблагодарувајќи се за унгарската поддршка за нашите европски интеграции, како и за поддршката за нашето членство во НАТО, Пендаровски го поздрави унгарското превземање на командата на КФОР и ја изрази нашата подготвеност за соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.