Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.

На средбата се разговараше за досегашната успешна и плодна соработка меѓу Армијата на Република Македонија и Националната гарда на Вермонт, преку заедничкото учество во мировни мисии, реализацијата на заеднички вежби, едукација и обука на припадниците на двете армии.

Соговорниците констатираа дека членството на Македонија во НАТО дава дополнителен придонес кон напредокот, развојот и стабилноста на Балканот.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за целокупната американска помош, како и за поддршката во областа на одбраната, која е основа за проширување на соработката и во други области од заеднички интерес.

Генерал-мајорот Грегори Најт ја истакна улогата на македонските вооружени сили и нивното учество во меѓународните мисии како исклучително успешна и подвлече дека членството во НАТО на Македонија е повеќе од заслужено.

На средбата, соговорниците разменија мислења и информации за актуелните состојби во Авганистан, каде што нашата Армија и Националната гарда на Вермонт координирано настапуваа во мисиите, чија цел беше да се обезбеди стабилност и да се промовира градењето на демократско општество.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.