Претседателот Стево Пендаровски денес и утре ќе учествува на лидерски форум по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц – Биркенау.
Форумот ќе се одржи во Светскиот меморијален центар на Холокаустот Јад Вашем во Ерусалим на 23 јануари, а се очекува присуство на над 40 шефови на држави и влади, како и членови на кралски семејства.
Во рамки на форумот претседателот Пендаровски ќе присуствува на конференцијата на тема „Сеќавање на Холокаустот и борба против Антисемитизмот“, како и на меморијална церемонија на полагање цвеќе.
Претседателот Пендаровски ќе оствари билатерална средба со претседателот на Израел Реувен Ривлин и со други шефови на држави и влади учесници на форумот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.