Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Грција денеска во Атина оствари средба со премиерот Киријакос Мицотакис.

На средбата соговорниците разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу соседните земји, при што беше оценето дека официјалната посета на највисоко ниво означува важен момент во развојот на односите меѓу двете држави.

Претседателот Пендаровски оцени дека постои видно подобрување на билатералните односи меѓу двете држави по потпишувањето на Преспанскиот договор, со потенцијал за натамошно зајакнување на соработката во секое поле од заемен интерес.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека треба да се искористи целиот потенцијал и двете држави да градат вистинско стратешко парнерство.

Соговорниците на средбата разговараа за можностите за натамошно зајакнување на економската соработка, при што беше изразено задоволство од трендот на зголемување на трговската размена. Претседателот Пендаровски изрази уверување дека , имајќи ги предвид придобивките за економиите на двете страни. Во таа насока, беше истакната потребата за натамошен развој на инфраструктурното поврзување меѓу двете држави.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за силната поддршка од Грција за апсирациите за членство на Република Македонија во Европската Унија, оценувајќи дека деблокадата на процесот ќе придонесе за стабилноста и напредокот на целиот регион.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.