Луѓето осудени во случајот 27-ми април не се терористи и тој случај треба да се отвори повторно и да се приложат нови докази, бидејќи казните се драконски високи, став е на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски. Тој го кажа ова во синоќешниот настап на емисијата „Само вистина“ наведувајќи дека оние што извршиле физички напади треба да одговараат за претепување.
Јас луѓето првично ги прашував околу мене за какво кривично дело се гонат, јас знам дека такво кривично дело мислам формулација таква немаше на времето ниту во бивша Југославија, ниту во 90-тите години. Тоа е подоцна прифатено. Бидејќи јас нешто знам околу тероризмот и околу безбедносните проблеми и дилеми, јас тврдам дека тие луѓе не беа терористи – нагласи Пендаровски.
Пендаровски додаде терористи не се ниту оние кои што физички напаѓаа луѓе.
Тие физички кои што напаѓаа луѓе треба да одговараат за претепување, како што беше за Зијадин Села и Радмила Шекеринска. И за организирање на таков настан 18 години се многу. На Мицкоски изјавата беше на место, единствен начин со кој што можеш да ја расчистиш маглата ако мислиш дека ја има околу целиот тој настан е со нови докази, со нови сведоци евентуално, и да бараш преотворање на случајот. За тоа што јас инсистирам како легалист до смрт ние мораме да одиме по правните процедури – рече Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.