Кандидатот за претседател на Република Македонија предложен од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски ги демантира и СДСМ и ДУИ и рече дека тој не е консензуален кандидат за претседател иако цело време така го најавуваат партиите.

Мислам дека консензуален не е вистинскиот израз. Бидејќи консензуз е комплетно, што значи дека некој треба да ги добие сите милион гласови и ништо да не оди кон другите. Мислам дека е тоа несреќно избран термин. Мислам дека најдобро е да се каже сум заеднички кандидат на две, три, десет, петнаесет партии, невладини организации итн. Тоа е најпрецизниот термин што значи консензуален, нагласи Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.