Претседателот Стево Пендаровски прими делегација од Парламентот на Албанија, предводена од пратеничката и претседателка на Комисијата за надворешна политика, Мими Кодели.

На средбата, Пендаровски и Кодели се согласиле дека двете држави заслужуваат да почнат преговори со ЕУ, што позитивно ќе се одрази и на регионот.

На средбата претседателот Пендаровски посочи дека нашата држава има јасна определба за продолжување на меѓусебната соработка со Албанија преку отворен и конструктивен политички дијалог, како најприфатлив можен начин за градење добрососедски односи и просперитетна иднина. Во тој контекст, ја нагласи важноста од продолжување на динамичната соработка меѓу парламентите на двете држави – информираат од Кабинетот на Претседателот.

Пендаровски и Кодели размениле мислења и информации за европските интеграции, како и за последниот развој на настаните по одржувањето на состанокот на Советот за општи работи на Европската Унија.

Соговорниците се согласија дека и Македонија и Албанија заслужуваат неодложно да ги почнат преговорите со Европската Унија, при што оценија дека тоа ќе се одрази позитивно врз целиот регион и е геостратешка инвестиција во стабилна и просперитетна Унија – соопштуваат од кабинетот на Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.