Шефот на државата Стево Пендаровски во синоќешното интервју во емисијата „360 степени“ откри дека во октомври ќе оди во официјална посета на Република Грција и ќе биде првиот македонски претседател што ја посетил официјално таа земја.

„На почетокот на октомври, на 5 и на 6 октомври, треба да се случи првата официјална посета на еден претседател на Македонија на Република Грција“, објави тој во синоќешното интервју.

Пендаровски таму ќе има средби со грчкиот премиер и со спикерот на парламентот, а можна е и средба и со лидерот на опозицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.