Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски јавно се извинува на лицето Игор Јанушев, за изјавата дадена на предизборното соочување на кандидатите за претседател, одржана на 26 април годинавва на Македонската Радиотелевизија.
Се работи за ненамерна непрецизност во изјавата бидејќи не станува збор за обвинение од СЈО за набавка на кинеските автобуси. Јанушев е осомничено лице за злоупотреба на службена положба и овластување како што може да се види во последниот извештај на Специјалното јавно обвинителство кој беше доставен во март, 2019 година до Собранието на Македонија, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.