Претседателот Стево Пендаровски ги прими членовите на новиот состав на преодната влада за спроведување на парламентарните избори, соопшти Кабинетот на претседателот, без да нагласи дека на приемот не присуствуваат техничките министри за внатрешни работи и труд и социјална политика од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев и Рашела Мизрахи.
Приемот во вилата „Водно“ се одржа на покана на Пендаровски иако новиот состав на преодната влада нема обврска по изборот на техничките министри да замине на средба со претседателот на државата. Оттука и дискреционото право на Мизрахи и Чулев да останат во Собранието во паузата пред почетокот на 128 седница, на која се избираа замениците-министри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.