Слоганот на кампањата за кандидатот за претседател со број 3 Стево Пендаровски ќе биде „Заедно напред“, објави порталот 24 инфо.
На вечерашната проширена средба на Централниот изборен штаб на СДСМ, на кој присуствувале сите министри, градоначалници и локални функционери Заев побарал од сите функционери на партијата кристално чисти избори и индивидуален ангажман од секој одделно, посветување на кампањата и на решавање на проблемите на луѓето.
Порталот дознава дека тој го обзнанил слоганот на кампањата на Стево Пендаровски, „Заедно напред“, кој е во духот на „заедништвото, солидарноста и меѓусебното помагање“,
Слоганот ја одразува суштината на Програмата на Стево Пендаровски, која се темели на заедништво, на обединување на граѓаните и на забрзан развој на земјата на патот кон НАТО и ЕУ.
ЗАЕДНО и НАПРЕД е суштината и на досегашното работење на Стево Пендаровски и претставува континиутет на неговата општествено-политичка присутност и ангажираност.
Пендаровски ќе ја започне кампањата со централен митинг од Прилеп во 20.00 часот, дознава 24инфо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.