Претседателот, Стево Пендаровски денеска на плоштадот „Ибрахим Ругова“ во Приштина, на официјална церемонија со државни и воени почести беше пречекан од претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу, со што почна неговата официјална посета на Косово.
Претседателот Пендаровски оствари тет-а-тет средба со претседателката Османи-Садриу, по што се одржа и пленарен состанок на македонската и косовската делегација.
Од кабинетот на претсеџателот информираат дека на средбите се разговарало за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Косово, при што било посочено дека односите меѓу двете држави се конструктивни и пријателски, а соработката се одвива преку отворен и динамичен дијалог.
На средбите бил нагласен интерес за развој на севкупната соработка, како во контекст на заедничките погледи во однос на интеграцијата во НАТО и ЕУ, така и во економијата, што претставува дополнителен влог во градењето стабилно партнерство и добрососедство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.