Претседателот Стево Пендаровски на својата Фејсбук страница ја објави програмата за чествувањето на Илинден на Мечкин Камен во Крушево.
Во рамките на централната свеченост, како што објави Пендаровски, пригодна реч ќе има Никола Ристановски со пораки за Илинден. На свеченоста ќе настапат ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, ансамблот за албански народни ора и песни, Влатко Стефановски и воениот оркестар на Армијата.
Одбележуваме 118 години од Крушевската Република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ.
Утре, на 2 Август, Денот на Републиката – Илинден, во Крушево, ќе присуствувам на панихида во храмот „Св. Никола“, во 10.20 часот, по што ќе следува полагање на свежо цвеќе на гробот на Никола Карев и празнична програма пред споменичниот комплекс Македониум. Следува полагање на свежо цвеќе на споменикот на хероите на Слива.
Централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август – Денот на Републиката ќе започне во 18:00 часот на Мечкин Камен со поздрав на Армијата на Република Македонија, поздрав на илинденската коњаница проследена со костимирана придружба и полагање на цвеќе и венци на споменикот на Мечкин Камен, по што ќе следува празничната културно-уметничка програма посветена на двата Илиндена:
– Изведба на државната химна од оперската првенка Весна Ѓиновска-Илкова
– Пригодна реч со пораки за Илинден од Никола Ристановски
– Настап на Ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“
– Настап на Ансамблот на албански народни ора и песни во Република Македонија
– Настап на Влатко Стефановски
– Настап на воениот оркестар на Армијата.
Ве поканувам сите, утре во Крушево заедно да го чествуваме големиот Илинден, напиша Пендаровски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.