Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата на границата.

Врз основа на Одлуката на Владата за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на нашата држава и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на пандемија на Ковид-19 и предлогот на Владата за учество на дел од припадниците на Армијата во справување со кризната состојба, претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата, која заедно со граничната полиција, ќе го врши обезбедувањето на јужната и северната граница, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Инаку Владата на последната седница донесе заклучок да го информира и да му предложи на претседателот одлука за учество на дел од припадниците на Армијата во справувањето со кризната состојба која е прогласена најмногу од 30 дена почнувајќи од вчера.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.