Претседателот Стево Пендаровски оствари проштална средба со амбасадорот на Израел во земјава, Дан Орјан, на која беше заклучено дека Македонија и Израел негуваат блиски пријателски односи коишто се засновани на меѓусебна доверба и почит.

Од Кабинетот на Пендаровски соопштија дека претседателот изразил благодарност за посветеноста и ангажманот на амбасадорот Орјан за време на извршувањето на одговорната дипломатска функција во нашата држава, посакувајќи му успех во неговите идни ангажмани.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за израелската поддршка од стекнувањето на нашата независност до денес и притоа нагласи дека постојат можности за интензивирање на економската соработка во областа на безбедноста, науката и новите технологии, земјоделството, како и во културата и туризмот – наведуваат од Кабинетот на шефот на државата.

На средбата станало збор и за моменталните состојби во двете држави со пандемијата со Ковид-19 и за процесите за вакцинација на граѓаните, при што се размениле мислења и информации за последиците од пандемијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.