Пријателските односи меѓу Македонија и Црна Гора, кои споделуваат заедничко минато и се стремат кон заедничка иднина преку интегрирањето во евро-атлантските институции се во фокусот на разговорите меѓу шефовите на двете држави, Стево Пендаровски и Мило Ѓукановиќ.

Пендаровски денеска во претседателскиот кабинет во Вила Водно на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека Ѓукановиќ, кој престојува во официјална дводневна посета на земјава.

Посетата на црногорскиот претседател е воедно и прва официјална посета на странски претседател на Македонија во мандатот на претседателот Пендаровски.

Двајцата претседатели имаа тет-а-тет средба, а потоа и пленарен состанок меѓу македонската и црногорската официјална делегација, по што тие ќе одржат заедничка прес-конференција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.