И претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен која беше во посета на Македонија.
Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Пендаровски изрази благодарност за оваа посета и за личниот ангажман на претседателката на Европската Комисија и посветеноста кон земјите од Западен Балкан.
Пендаровски и Фон дер Лајен разменија мислења и информации за најновите случувања поврзани со нашата европска интеграција и констатираа дека отпочнување на пристапни преговори со Европската Унија дополнително ќе го интензивира реформскиот процес и ќе овозможи економски и социјален напредок. Претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на поддршката од Европската Комисија во контекст на европската солидарност за вклучување на регионот во сите иницијативи предводени од Европската Унија, како и за ублажување на последиците од пандемијата на Ковид-19. Соговорниците разговараа и за актуелните случувања во регионот како и за економско-инвестицискиот план на Европската Унија за земјите од Западен Балкан, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.