Претседателот Стево Пендаровски не се согласува со вториот човек во државата Талат Џафери, дека Собранието не може да се свика по неговото рапсуштање. Тие имаат сосема спротивни ставови по ова прашање за одлагање на изборите.

„Не се согласувам со Талат Џафери. Директно не се согласувам. Собранието, вели нашиот устав е во постојано заседание. Постојано заседание. Не дај боже Војна, немаме Собрание? Патем кажано на Советот за безбедност според Устав, доаѓа и претседателот на Собранието и беше тука. Значи ако Собрание нема, како има претседател на Собрание. Јас тврдам дека тоа е возможно и политички и правно тоа е возможно, ако има недајбоже ситуација“, рече претседателот Стево Пендаровски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.